Добредојдовте на ЕдуЛаб порталот за професионален развој

ЕдуЛаб нуди дигитални курсеви, едукативни ресурси, вебинари и дополнителни материјали за надградување на вештини и знаења, прилагодени на вашето темпо и вашето време.

Курсеви Најнови

Овој дигитален курс моментално е достапен и наменет за едукаторите од проектните училишта вклучени во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Доколку вашето училиште е дел од проектот, по успешно уредување на вашиот профил, ве молиме контактирајте го проектниот координатор...
  • 22/11/2024
  • 703
Бесплатно
Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
  • 27/09/2024
  • 752
Бесплатно
Овој дигитален курс е достапен и наменет за сите едукатори од основните и средните училишта во државата. Не е важно дали претходно сте побарале пристап – за да го започнете курсот, едноставно кликнете на копчето „Започни сега“. Во денешно време...
  • 02/07/2024
  • 871 Учесник
Бесплатно
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
  • 14/02/2024
  • 1099
Бесплатно
Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач. Модул 1:...
  • 18/08/2023
  • 49
1.00 ден
Откријте ги функциите на четири клучни ИТ алатки кои ќе ви помогнат да ги зголемите вашите професионални вештини и продуктивност. Овој курс е специјално дизајниран за вработени во јавната администрација и нуди детални упатства и видео материјали. Во делот за...
  • 10/02/2023
  • 119
1.00 ден

Што да очекувате на ЕдуЛаб?

Интерактивни курсеви

Избор на дигитални курсеви со содржини на македонски и албански јазик, прилагодени на вашите потреби.

Квизови и Сертификати

Проверете го вашето знаење преку квизови и стекнете сертификат за успешно завршен курс.

Едукативни ресурси

Пристапете до корисни дигитални ресурси што ќе ви помогнат во личниот и професионалниот развој.

Ресурси

Водич за создавање наставни ресурси

20
Aктивности изработени од ученици за ученици.
Прегледај
ana-poprizova
Интерактивни неформални настани на актуелни теми.
Прегледај

Настани

10декември

Законски обврски и стратегии за справување со насилство и ученичко учество (средни училишта)

Дома Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот *наменет за наставници...
6:00 pm - 7:45 pm
Zoom (online)
03декември

Системски пристапи кон справување со насилство и зголемено ученичко учество

Дома Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Квиз Кликнете на...
1:00 pm - 2:30 pm
Zoom (online)
17декември

Препознавање и соодветна реакција на сите видови насилство – примери на добри пракси

Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Квиз Кликнете на иконата...
6:00 pm - 8:00 pm
Zoom (Online)

Во рамки на Идеја+, со моите второодеделенци ја реализирав активноста „Права + обврски = Ученик што менува!“ и истата поттикна силен интерес, отворена дискусија и конкретни ученички идеи. Учениците ја разбираа врската меѓу правата и одговорностите, а резултатот е поотворена комуникација, поголема почит и јасно чувство дека тие се активни чинители на позитивни промени.
Идеја+ покажува дека кога учениците добиваат простор да размислуваат, да предлагаат и да дејствуваат – училницата станува место на вистинска промена. Пристапот е практичен, лесно применлив и соодветен за сите возрасти, во основни и средни училишта.

- Верица Гунчева

/ одделенски наставник ООУ „Сандо Масев“ – Струмица

Дигиталниот курс „Примена на ИКТ алатките во секојдневанта настава (напредно ниво)“ ми помогна да ја вратам мотивацијата за постојано учење и унапредување. Секој модул нудеше нешто ново што можев веднаш да го применам. Научив како дигиталните алатки можат да ја направат наставата покреативна и попривлечна — за мене и за учениците. Денес предавам со повеќе инспирација и самодоверба.

- Кристина Башовска

/ одделенски наставник ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје

Курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (напредно ниво)“ беше одлично организиран и јасно структуриран со јасна и добро структурирана содржина. Практичните примери за користење на алатките го направија дигиталниот курс особено корисен. Како учесник, научив конкретни стратегии за интеграција на ИКТ во наставата, што е клучно за ефикасно учење и ангажираност на учениците.

- Николина Чадоска

/ предметен наставник во ООУ„Глигор Прличев, Охрид

Нивото на тежина на курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (напредно ниво)“ беше соодветно, со прашања што поттикнуваа размислување и рефлексија. Содржината беше јасна, со практични примери и едноставни објаснувања. Веќе започнав да ги применувам техниките што ги научив, користејќи онлајн алатки за креирање квизови и за поголема вклученост на учениците. Би го препорачал овој курс на колегите, особено на оние кои сакаат да го подобрат користењето на технологијата во наставата.

- Есра Аќифи

/ професор од СОУ „Наце Буѓони“ - Куманово

Курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава - основно ниво“ беше одлично прилагоден за основно ниво, со јасно формулирани прашања и содржина која беше лесно разбирлива и применлива во наставата. Стекнатите знаења ги применив на час по практична настава (кабинетска настава), преку изработка на квиз кој беше интересен и корисен за учениците, овозможувајќи им да ги покажат своите вештини.  Курсот дефинитивно би го препорачала на моите колеги бидејќи нуди практични методи кои значително ќе го подобрат нивниот наставен процес и ќе помогнат во збогатување на наставните содржини. 

- Надица Трајковска

/ предметен наставник ОСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово

Курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава - основно ниво“ целосно ги исполни моите очекувања, нудејќи јасно структурирани модули и практичен пристап кој овозможи лесно и брзо совладување на содржините. Дигиталните алатки се покажаа како многу корисни за збогатување на часовите, со можност за примена во различни програмски подрачја и делови од часот. Учениците со голем интерес и мотивација учествуваа во активностите, покажувајќи креативност и ентузијазам за учење преку дигитални содржини.

Топло го препорачувам курсот на сите колеги кои сакаат да ја модернизираат својата настава и да внесат нови, ефикасни алатки во секојдневната образовна практика.

- м-р Благица Ангеловска

/ предметен наставник по македонски јазик, ООУ „Лазо Ангеловски“ - Скопје

Курсот „Примена на ИКТ алтаките во секојдневната настава - основно ниво“ не беше тежок, прашањата беа од самото предавање. Содржината беше лесна и јасна и веднаш ја применив на моите часови, користејќи презентации, квизови и игри прилагодени на возраста на учениците и содржините што требаше да ги обработам.

Веднаш го препорачав на моите колеги и им посочив дека е доста добро да се користат овие алатки.

- Гордана Никлеска

/ Одделенски наставник , ООУ „Глигор Прличев“ - Охрид

ЕдуЛаб е неопходен инструмент кој искрено очекувам директно да влијае на професионалниот развој на наставниците, особено во областа на дигиталната писменост на наставниот кадар како и употребата на ИКТ алатките во секојдневната настава. Ваквата поддршка на наставниците, но и на образованието генерално, ќе овозможи успешно креирање на идните одговорни дигитални граѓани.

- Биљана Стојановска

/ Одделенски наставник , ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Како професор по англиски јазик но и долгогодишен соработник, за мене СмартАП - Лабораторија за социјални иновации, преку проектите на кои работи, е двигател на многу позитивни промени во образованието. Несомнено и ЕдуЛаб како алатка која едукаторите ќе ја користат во надградување на своите професионални компетенции ќе има директен и позитивен импакт на образовниот процес кој ќе ги следи актуелните трендови на модерните образовни системи.

- Перо Сарџоски

/ Образовен експерт, обучувач, професор

Како наставник, имам потреба од постојан професионален развој за да се справам со сите предизвици со кои секојдневно се соочувам во мојата училница. Сметам дека ЕдуЛаб со понудените курсеви на македонски јазик целосно ќе ги задоволи моите потреби и директно ќе го подобри квалитетот на наставниот процес не само во мојата училница туку и во сите училници ширум државата. ЕдуЛаб е нешто што навистина им е потребно на сите наставници во државата!

- Марија Богатиновска

/ Одделенски наставник , ООУ „Никола Карев“ – Пробиштип